Дома Останати Тенис Oфицијално: Познато каде и кога се враќа Надал

Oфицијално: Познато каде и кога се враќа Надал

Рафаел Надал не се откажува и се обидува да се врати на тенисот по долгата пауза. Шпанецот имаше кам-бек на турнирот во Бризбејн каде што имаше и солидни изданија, но потоа повторно се појавија проблемите со повреда, па не можеше да настапи на Австралија Опен.

Но, за среќа не станувало збор за ништо сериозно и Надал веќе тренира и се очекува да настапи на АТП турнирот од серијата 250 во Доха кој ќе се игра од 19-ти до 24-ти февруари.

Во месец март дефинитивно ќе биде дел од Мастерсот во Индијан Велс. Организаторите потврдија дека Шпанецот е во конкуренција за настап.

„Трикратниот шампион Рафаел Надал се враќа за својот 16-ти настап во тенискиот рај“, стои во објавата на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Доста, прекини“: Ѓоковиќ замина од тренинг натпреварот додека губеше со 0-3 и ги загрижи навивачите

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги загрижи своите навивачи откако го прекина тренингот на U…