Дома Фудбал Останато Oд Ајакс порачуваат: Го имаат Роналдо? Па што и ние имаме свој Роналдо се вика – Душан Тадиќ!

Oд Ајакс порачуваат: Го имаат Роналдо? Па што и ние имаме свој Роналдо се вика – Душан Тадиќ!

Најбарниот стопер на светот во овој момент е желба и на Јувентус, но ќе им биде препрека на патот кон полуфиналето.

Првата ѕвезда на преодниот рок, барем кога во прашање се дефанзивците Матијас Де Лихт зборуваше за италијанските медиуми на десетина дена пред натпреварот со Јувентус.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тој е желба на Јувентус и би можел на крајот да заврши во Јувентус, но има и други опции, а негов агент е Мино Раиола.

Имено, Де Лихт тврди дека ништо не е одлучено и ги демантираше информациите дека е на чекор од Барселона.

Смета дека италијанските стопери се ненадминливи и му годат споредбите со Неста и Стам, додека за Бонучи и Киелини смета дека се најдобриот стоперски тандем во светот.

Какви се шансите на Ајакс.

„Сигурно дека постојат, не се плашиме од Јувентус. Тие се под притисок затоа што се фавороти, но тоа не мора ништо да значи. Велите го имаат Роналдо? Но, исто така и ние имаме свој Роналдо и се вика Душан Тадиќ’, оптимист е Де Лихт кој во август ќе наполни 20 години.

Оптимист пред овој натпревар е поранешниот голман и денешен спортски директор во Ајакс, Едвид Ван Дер Сар.

„Ќе биде тоа интересен натпревар против Јувентус. Среќни сме затоа што сме во четвртфиналето. Игравме на високо ниво против Реал во Мадрид и се надевам дека тоа можеме да го повториме и против Јувентус во Амстердам. Тимот е полн со самодоверба и сметам дека можеме да го победиме Јувентус. Победата против Реал Мадрид ни даде голема самодоверба“, изјави поранешниот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скапото засилување на Ливерпул се сели во Реал Мадрид

Реал Мадрид е заинтересиран за играчот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер.  Ш…