Дома Фудбал Oва е конечниот список на Англија, Тухел предизвика потрес! (Фото)

Oва е конечниот список на Англија, Тухел предизвика потрес! (Фото)

Германскиот стратег Томас Тухел го објави составот на англиската фудбалска репрезентација за Светското првенство, а овој пат неговите одлуки предизвикаа повеќе внимание од кога било досега. Тухел се одлучи на неколку неверојатни промени што ги шокираа експертите.

Со овој список, Тухел направи вистинска револуција. Исклучи ветерани кои долго време беа основа на тимот, вклучувајќи играчи од Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Челзи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На списокот не се најдоа Трент Александер-Арнолд, Коул Палмер, Фил Фоден, Морган Гибс-Вајт, Лук Шо, Мајлс Луис-Скили и Хари Мегваер. Семејството на Мегвајер веќе на социјалните мрежи изрази разочараност и изненадување од одлуката на Тухел.

Тухел се реши за искусни играчи како Џордан Хендерсон и Џон Стоунс. Нема ниту еден фудбалер од Ливерпул. Само еден од Челзи. Многу играчи од Арсенал и значителен број од Манчестер Сити. Повик доби и Иван Тони, кој настапува во Саудиска Арабија.

Германскиот тренер со овој состав ги подели мислењата на фудбалската јавност, и ретко кога некоја одлука предизвикала таков бран во светот на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок во Торино: Спалети може да си замине!

Јувентус претрпе пораз на домашен терен од Фиорентина, и нивната судбина повеќе не е во ни…