Дома Фудбал Откриено што му кажал Модриќ на Мбапе во тунелот по мечот меѓу Хрватска и Франција

Откриено што му кажал Модриќ на Мбапе во тунелот по мечот меѓу Хрватска и Франција

Килијан Мбапе е тој кој последен се смееше во дуелот на двете ѕвезди на Реал Мадрид во Лигата на нациите. Франција ја елиминираше Хрватска на пенали, па Модриќ остана без можноста да освои златен медал со националниот тим на едно натпреварување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ако на светските првенства како во Русија или Катар среќата ги поддржува Хрватите при пеналите, тоа не им се случи во Лигата на нациите каде што испаднаа на болен начин.

Откако изгубија финалето од Шпанија со ударите од белата точка, тие беа елиминирани од Франција, па на крајот Хрватите останаа без учество на завршниот турнир на натпреварувањето.

Модриќ и Мбапе учествуваа во двата натпревари. Хрватот придонесе за поразот во Париз со нетипичните грешки, додека Французинот не постигна гол во играта, но беше прецизен при изведбата на пеналите.

„Дефенса Сентрал“ ја објави веста што навистина му рекол Модриќ на својот клупски соиграч откако Франција продолжи понатаму на пенали.

„Не е фер кога еден тим губи на пенали, но некој мора да победи и вие бевте попрецизни од нас“, му рекол Модриќ на Мбапе според извештаите на шпанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Необчна ситуацијана СП: За прв пат домаќинот ќе игра во нокаут фазата надвор од своите граници

Репрезентацијата на Канада првпат во историјата се квалификуваше за нокаут фазата на Светс…