Феликс Горнер, новинарот на германскиот „РТЛ“ и еден од најдобрите познавачи на состојбата на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, сподели најнови информации кои, за жал, се многу загрижувачки.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Горнер, кој со години внимателно следи сè што се однесува на седумкратниот шампион, истакна дека Шумахер е во исклучително тешка здравствена состојба и дека е целосно зависен од туѓа нега, а дополнително загрижува што повеќе не може да се изразува со говор.
– Ситуацијата е многу тажна. На Михаел му е потребна постојана нега и е потполно зависен од своите негуватели. За жал, повеќе не може ни да зборува, изјави Горнер во интервју за германските медиуми.
Легендарниот возач на Формула 1 сè уште е во семејно опкружување, а семејството е максимално затворено кон јавноста кога се однесува на детали за неговата здравствена состојба. Само 20 луѓе имаат пристап до Шумахер.
– Семејството и понатаму цврсто ја чува неговата приватност и тоа е исправно. Така секогаш се однесувале и тоа не се променило. Се водат според тоа што би било во најдобар интерес на Михаел, додаде Горнер.