Дома Останати Ракомет Откажани се сите спортски настани во Македонија

Откажани се сите спортски настани во Македонија

Македонија утринава ја погоди страшна трагедија. Во катастрофален пожар кој избувна во ноќен клуб во Кочани, животот го загубија десетици лица, а повеќе млади се борат за својот живот во болнички установи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како резултат на оваа незапамтена несреќа, сите спортски настани предвидени за денешниот ден се официјално откажани.

„Ракометната федерација на Македонија по големата трагедија во Кочани ги оддложува сите денешни натпревари во сите категории. Во овие тешки моменти нашите мисли и молитви се со семејствата и настраданите во трагедијата. Упатуваме искрено сочувство“, соопштија од РФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Охрид ја почнува борбата против Татабања за пехарот во Европскиот куп

Охрид денеска ќе го одигра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп на ЕХФ, гостувај…