Дома Фудбал Останато Oсвои злато за Србија, а сега беше уапсен на протестите во Грузија

Oсвои злато за Србија, а сега беше уапсен на протестите во Грузија

Србија во последниве години вложила многу пари во своето борење, така што во својата репрезентација донесе многу Грузијци на кои им дадоа српско државјанство.

Грузијците донесоа медали на Србија на Олимписките игри во Париз, а со злато се закити и Зураби Датунашвили, кој од синоќа е во центарот на вниманието затоа што е уапсен во родната Грузија.

Овој познат борец, двократен светски шампион, е уапсен како еден од лидерите на масовните протести поради одлуката на проруската Влада на Грузија да го суспендира процесот на пристапување кон Европската унија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лудо: Река во која живеат над 500 крокодили е одобрена за Олимписките игри во 2032

Олимписките игри во Париз 2024 година, меѓу другото, оставија впечаток поради скандалот со…