
Очекувајте Џиџо Донарума да го напушти Пари Сен Жермен, можеби веќе ова лето или најдоцна следното, известува Фабрицио Романо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Односите се комплетно нарушени откако клубот одлучи да го изостави италијанскиот голман од тимот за Суперкупот.
Според достапните информации, најверојатна дестинација е Премиер лигата.
Интерес за играчот покажуваат Манчестер Јунајтед и Челзи, а цената која ја постави ПСЖ се движи меѓу 20 и 30 милиони евра.
Донарума со ПСЖ ја освои и Лигата на шампионите, и беше прогласен за дел од најдобриот тим на турнирот.
Во клубот него ќе го замени Лукас Шевалије, кој пристигна од Лил за 55 милиони евра.