Дома Останати Ракомет Охрид покажа заби, но Вардар го освои 18. трофеј во Купот

Охрид покажа заби, но Вардар го освои 18. трофеј во Купот

Ракометарите на Вардар го освоија 18-от трофеј во Купот на Македонија, откако во драматично финале славеа над Охрид со 24-23.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Средбата донесе голема борба и неизвесност до самиот крај. Вардар подобро го отвори натпреварот и по првите минути имаше водство од 4-1, но Охрид брзо се врати во игра и го одржуваше резултатот тесен во текот на целиот меч.

Во финишот клучна улога имаше голманот Валах, кој со неколку важни интервенции ја сочува предноста на „црвено-црните“. Вардар успеа да поведе со 24-22, а Охрид намали од седмерец преку Јасихура, но во последниот напад не искористи шанса за израмнување.

Најефикасен кај Вардар беше Малус со осум погодоци, додека Хориха постигна шест. Кај Охрид се истакнаа Ѓукиќ и Јасихура со по пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Абутовиќ емотивно се збогуваше: Те сакам Македонијо!

Српскиот ракометар Илија Абутовиќ со емотивна порака се прости од Пелистер и Битола, откак…