Дома Фудбал Огромен проблем за Исак: Ливерпул ги прекина преговорите

Огромен проблем за Исак: Ливерпул ги прекина преговорите

Александар Исак не знаеше каде ќе ја продолжи својата кариера, а сега ситуацијата е уште полоша.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шведскиот напаѓач веќе неколку недели инсистира на трансфер од Њукасл во Ливерпул. Одлучи да не оди со тимот на припреми и да тренира одделно, сè со цел да ги натера луѓето во Њукасл да го пуштат. Сепак, изгледа дека нема ништо од тоа.

Клубот од „Сент Џејмс Парк“ ја одби понудата на Ливерпул од цели 120 милиони евра. По ова, „Црвените“ одлучија да ги прекинат преговорите и сега ситуацијата на Исак е сосема неизвесна.

Њукасл има подготвено замена за Швеѓанецот во лицето на Бенјамин Шешко, но прашање е дали Словенецот ќе дојде ако Исак не го напушти клубот. Други клубови кои би биле заинтересирани во овој момент нема.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Килијан Мбапе станува фудбалскиот Мајкл Џордан

По речиси две децении заврши соработката на Мбапе со Најк, но Французинот наводно не сака …