
Фудбалскиот клуб Брајтон ја информираше јавноста дека го продолжил договорот со англискиот ветеран Џејмс Милнер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Универзалниот играч од средниот ред, кој има 39 години, така ќе го продолжи својот престој меѓу „галебите“ за уште една година и ќе има одлична можност да стане рекордер во Премиер лигата.
Треба се истакне дека поранешниот играч на Ливерпул веќе одигра неверојатни 638 натпревари во елитниот ред на англискиот фудбал, што е само 15 помалку од актуелниот рекордер по број на настапи Гарет Бери.
Милнер дебитираше уште во 2002 година во Лидс, а потоа настапуваше за Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити и претходно споменатите Ливерпул и Брајтон.
Во својата кариера постигна 55 голови и запиша 86 асистенции. Двапати беше шампион со Манчестер Сити, а еднаш го освои трофејот и во дресот на Ливерпул, со кој стана и европски првак во 2019 година.
Фото: Briighton FC/X