Дома Моторспорт Oфицијално: Марк Маркез повеќе нема да вози за Хонда!

Oфицијално: Марк Маркез повеќе нема да вози за Хонда!

Maрк Маркез и официјално ја напушта Хонда.

Јапонската компанија денес објави соопштение во кое потврдува дека возачот и клубот постигнале договор за раскин на соработката. Ова значи дека Маркез нема да вози за Хонда во Мото ГП сезоната 2024.

Потегот можеби е очекуван, но ќе биде чудно да се гледа Маркез за друг тим со оглед на долгиот престој кој го имаше во тимот на Хонда.

Договорот на Маркез со Хонда имаше важност уште една година, меѓутоа двете страни донесоа одлука дека е најдобро предвреме да се прекине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мекларен не запира со засилувањата: По возачите, на ред се инженерите на Ганаси

Крис Симонс и Рос Банел се очекува да му се приклучат на Ероу Мекларен за сезоната 2027, д…