Дома Фудбал Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќе се одржи во Кардиф, додека двата полуфиналиња и финалето ќе се играат на „Вембли“ во Лондон.

Домаќини на турнирот ќе бидат Англија, Шкотска, Велс и Ирска. Вкупно 24 тима ќе се квалификуваат за натпреварувањето. 20 од нив ќе бидат определени преку квалификациите: 12-те победници во групите и 8-те најдобри второпласирани. Останатите две места ќе се одредат меѓу преостанатите второпласирани и најдобрите тимови од Лигата на нации, кои нема да се квалификуваат директно.

Денеска од УЕФА објавија дека првиот натпревар од шампионатот ќе се одржи на „Принсипалити Стадион“ во Кардиф.

Четвртфиналињата ќе се играат во Кардиф, на „Авива Стадион“ во Даблин, на „Хемпден Парк“ во Глазгов и на „Вембли“.

Другите стадиони каде што ќе се играат натпревари се „Етихад Стадион“ во Манчестер, „Тотенхем Хотспур Стадион“ во Лондон, „Вила Парк“ во Бирмингем, новиот „Хил Дикинсон Стадион“ на Евертон и „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл.

Ждрепката за квалификациите ќе се одржи во Белфаст на 6 декември 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов шок за ѕвездата на Барселона: Со солзи го напушти теренот поради повреда (Видео)

Барселона со победа од 3:1 во Севиља го продолжи својот совршен старт на сезоната, но натп…