Дома Фудбал Официјално – Џеко се врати во Серија А

Официјално – Џеко се врати во Серија А

Босанскиот фудбалер Един Џеко е нов играч на Фјорентина, соопшти денес италијанскиот клуб.

Џеко (39) потпиша едногодишен договор со тимот од Фиренца, кој автоматски ќе се продолжи за дополнителна година ако се исполнат одредени услови.

Босанскиот напаѓач последните две сезони настапуваше за Фенербахче, за кој минатата сезона одигра вкупно 53 натпревари, постигна 21 гол и запиша осум асистенции.

Пред да пристигне во клубот од Истанбул, меѓу другото, играше и за Интер, Рома, Манчестер Сити и Волфсбург.

Капитен е на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, чиј рекордер е и по бројот на настапи (141) и по бројот на постигнати голови (68).

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ситуацијата по првиот гол што Челси го прими вечерва најдобро покажува во каков хаос се наоѓаат (Видео)

Фудбалерите на Челси доживеаја убедлив пораз на гостувањето кај Брентфорд. Домаќините слав…