Дома Фудбал Официјално: Челси плати 44 милиони за 19-годишник

Официјално: Челси плати 44 милиони за 19-годишник

Новиот играч на Челси е холандскиот дефанзивец Јорел Хато (19).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Сините” за овој фудбалер на Ајакс издвоија 44 милиони евра.

Со ова, тој стана уште една скапа инвестиција на лондонскиот клуб кој во текот на тековниот трансфер период потроши повеќе од 300 милиони евра на нови имиња.

Хато зад себе има две извонредни сезони во Ајакс, каде е дел од 2018 година.

Од 2022 година е дел од сениорскиот тим , првата сезона ја помина во резервниот состав, а во следните две беше незаменлив член на одбраната на славниот холандски клуб.

Во изминатите две сезони одигра 75 натпревари и постигна три гола.

Меѓувремено дебитираше и за репрезентацијата на својата земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ново чудо од дете во Ла Лига: На 15 години го надмина Јамал!

Марк Сантос го запиша своето име во историјата на шпанскиот фудбал. Младиот играч на Леван…