Дома Моторспорт Официјално: „Ауди“ влегува во Формула 1!

Официјално: „Ауди“ влегува во Формула 1!

Како и што се најавуваше германскиот производител „Ауди“ потврди дека од 2026 година ќе влезе во Формула 1.

Познато е дека Ауди ќе произведува агрегати, но се уште не е сигурно дали за четири години ќе има и свој тим. Долги години се пишуваше за влегувањето на овој автомобилски гигант во најбрзиот караван.

Една од главните причини за влезот на „Ауди“ е промената на правилата во однос на погонските единици. Германците не можеа да останат имуни на големата популарност што се добива со учеството во Формула 1.

Засега не е познато кој тим ќе биде партнерот на „Ауди“ и тоа би требало да биде откриено на крајот на 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мекларен не запира со засилувањата: По возачите, на ред се инженерите на Ганаси

Крис Симонс и Рос Банел се очекува да му се приклучат на Ероу Мекларен за сезоната 2027, д…