Дома Фудбал Официјално: Аталанта го отпушти Јуриќ, познат е и неговиот наследник!

Официјално: Аталанта го отпушти Јуриќ, познат е и неговиот наследник!

Она што се зборуваше последниве денови, сега е и официјално – Иван Јуриќ повеќе не е тренер на Аталанта.

Хрватскиот стручњак бележеше резултати под очекувањата, а сето тоа беше крунисано со поразот од Сасуоло во Бергамо од 0:3.

На 15 натпревари оствари само 4 победи и 8 нерешени натпревари, со 3 порази.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, познат е наследникот на Јуриќ.

Станува збор за Рафаеле Паладино, поранешен тренер на Монца и Фиорентина. Тој се раздели со „Виола“ летоска поради конфликт со сега веќе поранешниот спортски директор Даниеле Праде. Во Серија А минатата сезона освои дури 65 поени.

Според најновите информации, тој ги финализира последните детали од договорот со Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино го вади џокерот од ракав – ФИФА дели на сојузите 5.000.000.000 евра!

Претседателот на Меѓународната федерација на фудбалот (ФИФА) Џани Инфантино е подготвен да…