Дома Фудбал Официјално: Аморим доби отказ!

Официјално: Аморим доби отказ!

Рубен Аморим повеќе не е тренер на Манчестер јунајтед, соопшти денеска англискиот гигант.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалскиот стратег беше назначен на клупата во ноември 2024 година, а во текот на својот мандат успеа да го одведе тимот до финалето во Лига Европа, кое се одигра во мај во Билбао.

„Црвените ѓаволи“ моментално се наоѓаат на шестата позиција на табелата во Премиер лигата, а раководството на клубот донесе тешка, но неопходна одлука за промена на тренерската позиција, со цел да се зголемат шансите за што е можно подобар пласман до крајот на сезоната.

Од Манчестер јунајтед му се заблагодарија на Аморим за неговиот ангажман и придонес во клубот и му посакаа многу успех во продолжението од кариерата.

До назначувањето на нов шеф на стручниот штаб, тимот привремено ќе го води Дарен Флечер, кој ќе биде на клупата веќе на натпреварот против Барнли, закажан за среда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентинците го објавија писмото добиено од Инфантино, иако е пракса тоа да не се прави

Фудбалската федерација на Аргентина реши јавно да го објави писмото од претседателот на ФИ…