Дома Останати Тенис Одржана ждрепката за Индијан Велс: Ѓоковиќ ќе има пеколно тешка задача за да стигне до својата 100-та титула

Одржана ждрепката за Индијан Велс: Ѓоковиќ ќе има пеколно тешка задача за да стигне до својата 100-та титула

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ги дозна потенцијалните противници на првиот мастерс оваа година – Индијан Велс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ ќе ја лови својата 100-та титула во сингл во кариерата во САД, а патот во Калифорнија ќе му биде “послан со трње”.

Тој ќе биде слободен во првото коло, а веќе во второто би можел да игра против Ник Кирјос.

Во третото коло противник би можел да му биде Франциско Серундоло, а во четвртото Хуберт Хуркач.

Ако ги мине сите тие пречки во четвртфиналето би можел да игра против Карлос Алкараз или Григор Димитров, а во полуфиналето потенцијални противници би му биле Тејлор Фриц или Андреј Рубљов.

Во финалето најверојатно би го чекал некој од споменатиот квартет: Зверев, Руд, Циципас, Медведев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…