
Францускиот дефанзивец Жил Кунде (26) го продолжи договорот со Барселона до 30 јуни 2030 година, објави каталонскиот клуб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Финансиските детали не се објавени, а во соопштението се наведува дека на свеченото продолжување на договорот, покрај Кунде, присуствувале и претседателот на Барселона Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Јусте, спортскиот директор Деко, координаторот Бојан Кркиќ…
Кунде минатата сезона беше еден од најважните играчи во тимот на Ханси Флик откако запиша 53 настапи во сите натпреварувања, а играјќи претежно на позицијата десен бек, постигна и четири гола и осум асистенции.
Французинот е член на Барселона од 2022 година, а пред тоа играше за Севиља и Бордо. За каталонскиот клуб одигра 142 натпревари и постигна седум гола.
За репрезентацијата на Франција настапил на 42 натпревари.
Фото: Грок AI