Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда каде што утре, од 18.30 часот, (директен пренос на Sport Klub 4HD), ќе се сретне со Литванија во четвртото коло од квалификациите од групата „Х“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
На тимот му се приклучи и Ненад Димитријевиќ кој ќе настапи на утрешниот натпревар. Плејмејкерот на Олимпија Милано синоќа, одвоено од репрезентативците, пристигна во Клаипеда и тренираше со своите соиграчи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според планот, нашата најдобра селекција ќе тренира и утре, на денот на натпреварот, во периодот од 10:30 до 11:30 часот.