Дома Останати Ракомет Одлична вест: Еурофарм Пелистер и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите!

Одлична вест: Еурофарм Пелистер и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги соопшти имињата на клубовите кои следната сезона ќе бидат дел од најсилната клупска конкуренција – Лигата на шампионите.

Меѓу избраните се најде и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, кој и третпат по ред ќе биде дел од ракометната елита. Битола повторно ќе има можност да ужива во врвен ракомет и дуели со најдобрите екипи од Стариот континент.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Покрај битолскиот колектив, вајлд-карти за настап во Лигата на шампионите добија и реномираните екипи на Келце (Полска), ПИК Сегед (Унгарија), Нант (Франција), Колстад (Норвешка) и ГОГ Гудме (Данска).

Шеширите за ждрепката ќе бидат познати в среда, а самата ждрепка за формирање на групите е закажана за петок и ќе се одржи во австриската престолнина Виена.

Новата сезона во најелитното ракометно натпреварување започнува на 10 или 11 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер го дозна распоредот на натпревари во ЛШ

Пелистер го доби официјалниот распоред од ЕХФ за новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).…