Дома Фудбал Oд него заработија 144 милиони евра, а не му се ни заблагодарија: Еве како Њукасл се збогуваше од Исак

Oд него заработија 144 милиони евра, а не му се ни заблагодарија: Еве како Њукасл се збогуваше од Исак

Повеќемесечната сага околу Александер Исак заврши вчера кога тој премина од Њукасл во Ливерпул, а тимот од „Сент Џејмс Парк“ го напушти шведскиот напаѓач на начинот кој беше крајно неспортски.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ливерпул го ангажираше Исак на последниот ден од трансфер периодот за 144 милиони евра. Њукасл реши да ги игнорира сите достигнувања на Швеѓанецот, кој во 109 натпревари постигна 62 гола, меѓу кои и тој што им помогна на „Свраките“ да го освојат Карабао Купот, нивниот прв трофеј по 56 години.

Иако спортската етикета налага дека клубовите, дури и кога се разделуваат во помалку срдачни услови, треба барем формално да го пофалат придонесот на играчот, Њукасл тоа не го направи.

Дополнително, Њукасл го занемари важноста на Исаковите голови и неговата улога во освојувањето на трофејот после 56 години. Соопштението на Њукасл беше кратко, со само 31 збор, што секој може да го прочита за помалку од минута.

“Њукасл Јунајтед објавува продажба на напаѓачот Александер Исак на Ливерпул за значајна британска рекордна сума. Шведскиот репрезентативец приклучен на Свраките од Реал Сосиедад во 2022 година и запиша 109 настапи на сите натпреварувања”, стои во целосното соопштение на клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кoмпани бесен поради правилото што го остави Баерн без финале: Ова е нелогично

ВИНСЕНТ КОМПАНИ по реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, Баерн – ПСЖ (1:…