Дома Фудбал Од капитен до „персона нон грата“, советот од Ван Перси до Санчез ги разулти „топчиите“!

Од капитен до „персона нон грата“, советот од Ван Перси до Санчез ги разулти „топчиите“!

Холанѓаенцот и поранешниот миленик на „топчиите“ со оваа само додаде „масло на огнот“.

Робин Ван Перси има совет за Алексис Санчез кој се наоѓа во слична ситуација како и Холанѓанецот пред неколку години, односно е пред трансфер во Манчестер Јунајтед.

Наскоро се очекува и официјална потврда на овој трансфер, а Ван Перси кој трансфер од Арсенал во Јунајтед направи пред пет години имаше совет за Чилеанецот.

„Мојот совет за Санчез е да биде истраен во својата намера. Во Јунајтед се е поинаку, историјата, борбата за трофеи, а посебно навивачите“, изјави Ван Перси.

Холанѓанецот така уште еднаш само стави „сол на раната“ на навивачите на Арсенал откако претходно како нивен капитен се пресели на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси повторно гледа кон Брајтон: Ајари е новата трансферна цел

Јасин Ајари се поврзува со преселба во Челси, додека преговорите за нов договор со Брајтон…