Дома Фудбал Објавен составот на Реал Мадрид за новата сезона со Алонсо на клупата (Фото)

Објавен составот на Реал Мадрид за новата сезона со Алонсо на клупата (Фото)

Во последниве недели се шират шпекулации дека Чаби Алонсо ќе стане новиот тренер на Реал Мадрид, а сега се појави и можниот состав на „Кралевите“ за наредната сезона, и тоа без многу големи ѕвезди.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Штом Реал Мадрид врзе неколку слаби резултати, Карло Анчелоти автоматски станува поранешен тренер. Таков е случајот и овие денови, по поразот од Валенсија во Ла Лига и Арсенал во Лигата на шампионите.

Според разни медиуми, Флорентино Перез одлучи Алонсо да биде новиот тренер. Ова многу веројатно ќе се случи ако Анчелоти на крајот од сезоната не донесе ниту еден трофеј.

Паралелно со донесувањето на Алонсо на клупата, „Лос Бланкоси“ се поврзуваат и со многу играчи кои би можеле да дојдат во лето.

Доаѓањето на Трент Александер-Арнолд од Ливерпул е наводно готова работа, додека се очекуваат засилувања на други позиции, пред се во средниот ред.

Постојат чести гласини дека Енцо Фернандез ќе биде ново лице во средниот ред, додека одбраната треба да ја засили младиот Дин Хијсен кој блесна во Премиер лигата.

Фото: Баер 04 Леверкузен/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Торцида“ запали голем транспарент на „Бед Блу Бојс“ во Загреб (Видео)

Инцидент го одбележа големото хрватско дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит на стадионо…