Тоа што се најавуваше во претходниот период доби официјална потврда – Чаби Алонсо е нов тренер на германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен.
Легендарниот шпански фудбалер седнува на кормилото на Леверкузен, а информацијата веќе ја потврдија и двете страни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Алонсо враќање во Германија каде што како играч беше дел од големиот ривал на овој клуб Баерн Минхен играше уште за Ливерпул, Реал Мадрид…Каде што освојуваше титули и стана европски и светски шампион со Шпанија.
Пред започнувањето на тренерската епизода во Леверкузен, Алонсо истакна дека е возбуден.
„Добро го познавам клубот. Секогаш Леверкузен имал квалитетни играчи, па така е и сега. Возбуден сум што ја започнувам оваа работа“, изјави Алонсо.