Дома Трансфер зона Oфицијално: Тотенхем после 517 дена купи играч, но тој нема да игра за нив следната сезона

Oфицијално: Тотенхем после 517 дена купи играч, но тој нема да игра за нив следната сезона

Toтенхем денес конечно го доведе првото засилување после година ипол пауза!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Популарните „петли“ од Лондон го ангажираа Џек Кларк кој доаѓа од Лидс.

Тој со клубот денес потпиша договор на четири сезони, но веднаш ќе се врати Лидс каде што ќе игра како позајмен фудбалер.

Станува збор за 18 годишен крилен фудбалер кој зад себе има солидна сезона во Чемпионшип. Дебитираше за првиот тим на Лидс кон крајот на минатата година, а веќе денес може да се пофали дека е дел од еден од најголемите клубови на Островот во овој момент.

Инаку пред Кларк последно засилување за Тотенхем беше Лукас Моура. Тој во клубот пристигна кон крајот на јануари минатата година или пред точно 517 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…