Дома Трансфер зона Вчера се пишуваше дека се договориле со Јаховиќ, а денес објавија дека го купиле Подолски!

Вчера се пишуваше дека се договориле со Јаховиќ, а денес објавија дека го купиле Подолски!

Искусниот германски фудбалер Лукас Подолски неодамна го напушти јапонскиот Висел Кобе, кариерата ја продолжи во Турција.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Подолски во јапонскиот клуб помина повеќе од две години, а после истекот на договорот одлучи да се врати во Европа. Овој 34 годишен напаѓач кариерата ќа ја продолжи во турски Анталијаспор.

Анталијаспор денес го потврди трансферот на Подолски. Германскиот фудбалер потпиша договор до летото 2021 година.

Подолски веќе настапуваше во Турција во дресот на Галатасарај каде што помина две сезони, а потоа ја напушти Турција.

Искусниот напаѓач во кариерата играше уште за Баерн, Арсенал и Интер.

Интересно е што во текот на вчерашниот ден турските медиуми на големо пишуваа дека Јаховиќ се договорил со Анталијаспор. Сега не е јасно дали потенцијалниот трансфер на македонскиот напаѓач ќе биде доведен во прашање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…