Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас ги одреди датумите за крајот на оваа сезона и почетокот на следната.
После прекинот поради пандемијата со коронавирусот Шпанците ќе се вратат на 11. јуни со натпреварите од Ла Лига и Ла Лига 2. Навивачите не можат да бидат на трибините.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Освен тоа Тебас потврди и дека новата сезона во Ла Лига ќе започне на 12. септември.
Барселона во овој момент е лидер во Шпанија со 58 бодови додека Реал Мадрид има 56. По враќањето на терените Реал го пречекува Еибар додека Барса ќе гостува кај Мајорка.