Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас испрати мала провокација до Реал Мадрид после ждребот за осминафиналето во Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што е познато ждребот мораше да биде повторен поради техничка грешка. Во првата ждрепка Реал ја доби Бенфика, а потоа на повторената за противник го добија Пари Сен Жермен. Уште во најавата дека ждребот ќе биде повторен од Реал испратија реакции и сметаа дека се оштетени.




„Можеби Реал е во право дека не требаше целата ждреба да се повтори. Не знам дали беше човечка или техничка грешка. Но, не ли сакаа поинтерсни натпревари. Ете, натпревар со ПСЖ сигурно е поинтересен отколку да се игра со Бенфика“, изјави Тебас кој секако алудираше на Суперлигата.