Oна што вчера беше најавено денес се потврди, Македонија нема да има два претставника во Лигата на шампионите.
ЕХФ енес ги објави добитниците на вајлд-карта и помеѓу нив не е Еурофарм. Поради високиот рејтинг на македонскиот ракомет, Е.Пелистер како и минатата година испрати барање за вајлд-карта меѓутоа овој пат не битолскиот тим не доби позитивен одговор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клубовите кои добија вајлд карта се: ПИК Сегед, Елверум, Динамо Букурешт, Целје, Пововарна Лашко, Мешков Брест и Нант на Кире Лазаров.
Еурофарм пак место во ЛШ ќе мора да се задоволи со место во Европската лига каде ќе одат уште: Адемар Леон, Спортинг Лисабон, Кадетен Шафхаузен, Бешикташ, Висла Плок, Мотор Запорожје и ГОГ Гудме.