Дома Македонски спорт Мак фудбал Oфицијално: Вардар нема да игра во Европа!

Oфицијално: Вардар нема да игра во Европа!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар оваа сезона нема да игра во Европа!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја одби жалбата на црвено-црните и Вардар нема да игра летни квалификации за Лигата на Европа.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


ФФМ оваа одлука ја потврди денес на својот сајт каде што објави кои клубови добиле лиценца, а кои не добиле. Одлуката е конечна и Вардар нема да има можност да игра во Европа.

Вардар не доби лиценца на првостепената комисија, црвено-црните потоа испратија жалба, но сега и таа е одбиена.

„Жалбата на ФК Вардар АД – Скопје се одбива како неоснована, одлуката на Комисија за лиценцирање се потврдува. Оваа одлука е конечна“, стои помеѓу другото во објавата на ФФМ.

Ова ќе биде прв пат Вардар после 2014 година да не игра во Европа што е секако тежок удар за амбициите на клубот.

Покрај Вардар лиценца за настап во Европа не доби и Победа, додека останатите осум прволигаши: Академија Пандев, Беласица, Македонија Ѓ.П, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија и Шкупи.

Веројатно причината за недобивање лиценца на Вардар е финансиската ситуација во клубот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Нема пари за кој би преминал во Јувентус – тоа би било чекор назад во мојата кариера“

Фудбалерот од редовите на Болоња, Рикардо Калафори е желба на Јувентус, меѓутоа тој сега и…