Дома Трансфер зона Oткриен датумот кога ќе биде објавен трансферот на Азар?

Oткриен датумот кога ќе биде објавен трансферот на Азар?

Репрезентативецот на Белгија, Еден Азар е се поблиску до трансфер во Реал Мадрид и во фудбалскиот свет преовладува мислењето дека тој од наредната сезона ќе игра во Мадрид.

Неодамна сите шпански медиуми помеѓу кои и мадритската „Марка“ тврдеа дека Азар ги договорил личните услови со Реал Мадрид. Тогаш и се пишуваше дека се чека само клубовите да постигнат договор, а поради желбата на Белгиецот во Челзи немаат премногу избор и не сакаат да ризикуваат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес во шпанските медиуми се открива наводно и точниот датум кога Азар ќе биде презентиран како играч на Реал Мадрид. Според информациите кои се пласираа во јавноста тоа е можно да се случи на два датуми.

Првиот датум е 12-ти мај, а вториот 30 мај. Вториот датум е ставен како можен во случај Челзи да избори пласман во финалето од Лигата на Европа кое се игра на 29 мај.

Останува да видиме дали овие информации се точни, но со оглед на тоа колку време се пишува дека трансферот е пред реализација можеби и има вистина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…