Дома Топ вести Oткриени детали од соблекувалната: Рамос, Модриќ и Бејл имале 25 минутен говор во тренинг центарот

Oткриени детали од соблекувалната: Рамос, Модриќ и Бејл имале 25 минутен говор во тренинг центарот

real

Реал Мадрид повторно е во криза.

Европскиот шампион после поразот на домашен терен со резултат 0:2 од Реал Сосиедад скоро и да испадна од трката за титулата со оглед на тоа дека зад најголемиот ривал Барселона заостанува 10 бодови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Едуардо Индуа во популарната телевизиска емисија „Ел Чинрингуито“ откри дека „кралевите“ имале бурен состанок во тренинг-центарот.

На состанокот кој би одржан во вторникот најгласни биле Лука Модриќ, Серхио Рамос и Карим Бензема. Тие наводно со висок тон им зборувале на останатите соиграчи дека крајно време е да ја сфатат работата сериозно. Помеѓу другото тие порачале и дека мора да се задржи единството во тимот.

Најсамокритичен наводно бил Марсело кој пред сите признал дека е далеку од вистинската форма и превзел дел од вината на себе, посебно за лошата игра во одбраната.

Говорот на Модриќ, Бензема и Рамос траел 25 минути на крајот било заклучено дека до крајот на сезоната во секој натпревар мора да влегуваат со 100% желба за победа.

„Кој не може, веднаш нека го напушти клубот“, гласела завршната порака на водечкото трио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…