Бразилецот Оскар пред неколку години ја изненади фудбалската јавност кога одлучи од Челзи да се пресели во Кина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Оскар во Кина доби голем договор и заработи многу пари, а продолжи и да игра во добра форма како во Челзи. Затоа тој не е заборавен и европските клубови ги следат неговите настапи. Оскар сега потврди дека Давид Луиз и Вилијан во овој преоден рок го убедувале да дојде во Арсенал.
„Со Луиз и Вилијан сум во добра комуникација. Ми се јавија и ми кажаа дека сакааат да дојдам кај нив во Арсенал. Сепак, тоа беше тешко изводливо. Имам договор со Шангај и не е лесно да заминам. Сакам повторно да играм во Европа, но сега ми е добро во Кина. Ако се отвори можност, прв клуб кој би го избрал за враќање во Европа е Челзи“, изјави Оскар.