Бурни реакции предизвика Новак Ѓоковиќ со пораката која ја испиша на телевизиската камера по победата во првото коло на Ролан Гарос.
Ѓоковиќ остави порака: „Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството“. По оваа следуваа реакции од многу страни (ТУКА), а по два дена се огласи и Олимпискиот комитет на Косово
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Олимпискиот комитет на Косово бара жестока казна за српскиот тенисер бидејќи смета дека го искористил спортот за испраќање политичка порака.
„Новак Ѓоковиќ уште еднаш го искористи спортот за промовирање националистичка пропаганда. Неговите изјави на прес-конференцијата покажуваат дека нема ниту ронка жалење кај него за потег. Со самото тоа и тензиите помеѓу двете земји се зголемуваат“, стои во соопштението кое се бара казна.
Ролан Гарос претходно соопшти дека нема да има казна за Ѓоковиќ, но министерката за спорт на Франција го предупреди Ѓоковиќ да не му се повтори таков потег (ТУКА)