Дома Фудбал Англија Oд Њукасл се пожалија: Клубовите од Премиер лигата не сакаа да ни продаваат играчи

Oд Њукасл се пожалија: Клубовите од Премиер лигата не сакаа да ни продаваат играчи

Meнаџерот на екипата на Њукасл, Еди Хау се пожали дека премиерлигашките клубови не сакаат да продаваат играчи на неговиот тим.

Саудискиот инвестиционен фонд од зимото е на чело на Њукасл и од тогаш тие се најбогатиот клуб во светот. Сепак, тоа не значи дека тие се расфрлаат со пари, туку сакааат стратешки вложувања и постепен раст на тимот. Таквата стратегија засега им дава резултати.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа сега Хау се пожали на проблем со купување на фудбалери од другите клубови во Премиер лигата.

„Дефинитивно почувствувавме поинаков пристап на домашните клубови кон нас. Не сакаа да ни помогнат, односно избегнуваа да ни продаваат играчи.

Моравме тоа да го прифатиме. Кога и Њукасл да се вклучеше во игра за доведување на некој играч, веднаш неговата цена беше драстично повисока. Поради тоа се откажавме од некои преговори. Сепак, тоа е што е и ние сигурно нема да се откажеме“, порача Хау.

Сезонава Њукасл го доведе Ник Поуп, потоа Свен Ботман од Лил, Мет Таргет од Астон Вила и Александар Исак од Реал Сосиедад. Вкупно во последните два преодни рока Њукасл потроши околу 200 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…