Дома Македонски спорт Мак ракомет Oд Скопје во Битола: Еурофарм го потврди засилувањето од Вардар!

Oд Скопје во Битола: Еурофарм го потврди засилувањето од Вардар!

Oна што беше најавено пред неколку недели сега доби и официјална потврда – Дејан Кукуловски од Вардар се сели во Еурофарм Пелистер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кукуловски ги помина младинските категории на Вардар, а потекнува од школата на ресен. Минатата сезона настапуваше за тимот на Вардар Јуниор кој играше во Суперлигата, но повремено добиваше шанса и во првиот тим.

За Вардар дебитираше пред две години во СЕХА лигата. Зад себе минатата сезона има и два гола во Лигата на шампионите. Со Еурофарм потпиша договор на три сезони.

Ќе потсетиме со битолскиот тим претходно договори потпишаа: Мараш, Мандалиниќ, Кушан, Периќ и Танкоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…