Дома Фудбал Италија Oд Неапол лути на судијата: Судијата донесе одлуки кои го променија текот на натпреварот

Oд Неапол лути на судијата: Судијата донесе одлуки кои го променија текот на натпреварот

mertens

Главниот арбитар на дербито во Неапол се најде во центарот на вниманието.

Во дербито на седмото коло од италијанската Серија А помеѓу Јувентус и Наполи во Торино, Јувентус славеше победа од 3:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполитанците брзо стигнаа до предност преку Дрис Мертенс, но екипата на Масимилијано Алегри успеа да направи пресврт и да слави на крајот.

Белгискиот напаѓач не е беше задоволен од судењето на оваа средба. Лука Банти го исклучи Марио Руи и во Неапол сметаат дека неговите одлуки го решиле прашањето на победникот.

„Игравме добро и создадовме многу прилики, но понекогаш мораме да имаме повеќе самодоверба. Имаше некои работи кои го променија текот на натпреварот, жолтите картон ии ситните прекршоци беа причина за нервоза, па беше тешко да се игра. Штета за Калејхон, доколку постигнеше гол ќе беше 2:2, тие веднаш потоа постигнаа погодок за 3:1“.

„Не знам дали Банти му помогна на Јуве, но нас дефинитивно не налути. Не сакам да зборувам за тоа. Провокациите од страна на навивачите на Јувентус не ги слушнав бидејќи уживав во песната на нашите навивачи Пренвенството не е решено, во тешка ситуација сме, но ќе се бориме“, заклучи фудбалерот на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…