Дома Македонски спорт Oдржано првото државно првенство во пинг понг за 2022 година

Oдржано првото државно првенство во пинг понг за 2022 година

Овој викенд се одржаа првото Државно Првенство за оваа 2022 година и тоа во категорија кадети/ки помлади од 15 години. Првенството се одржа на 06.03.2022 година во Струмица, а учество земаа околу 40 играчи.

Кај момчињата во тесна борба победи Лука Стојчев член на екипата ППК Шампион Фа од Штип.

  1. Лука Стојчев – ППК Шампион Фа
  2. Александар Јакимовски – ППК Крива Паланка
  3. Андреј Стојановски – ППК Крива Паланка и Лука Дворник – ППК Рисови

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кај девојките изненади малата Фани Јовановска од ППК Крушево која со само 13 години го освои ова државно првенство.

На 05.03.2022 година исто во Струмица се одржа и првиот Телеком Мастерс бодовен турнир во конкуренција сениори/ки помлади од 21 година.  Победници на овој турнир се:

Мажи

  1. Дамјан Стојчев – ППК Шампион Фа
  2. Александар Јакимовски- ППК Крива Паланка
  3. Теодор Волкановски – ППК Крушево и Лука Стојчев – ППК Шампион Фа

Жени:

  1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
  2. Изабела Ковачовска – ППК Берово
  3. Васе Богоеска – ППК Крушево и Софија Хасану – ППК Крушево
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија комплетна во подготовките за мундијалскиот бараж!

Ракометната репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките пред баражот кој не оч…