Дома Македонски спорт Мак фудбал Oдредени судиите за 12-тото коло во првата македонска лига

Oдредени судиите за 12-тото коло во првата македонска лига

Oдредени се судиите за натпреварите од 12-тото коло од македонската прва лига.

Сите натпревари во најсилната македонска лига се играат во недела (14:30), освен градското дерби помеѓу Работнички и Вардар кое е закажано за во сабота (13:30).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Градското дерби кое ќе се одигра на арената „Тодор Проески“ кое овој пат ќе биде дуел на првопласираниот и последнопласираниот тим на табелата ќе го суди Игор Стојчевски од Скопје.

Најдобриот македонски судија Александар Ставрев ќе ја дели правдата на натпреварот во Велес помеѓу Борец и Академија Пандев.

Натпревари 12-тото коло

Работнички – Вардар (И. Стојчевски – Скопје)

Силекс – Струка (Н. Тефику – Кумано)

Борец – Академија Пандев (А.Ставрев – Скопје)

Македонија Ѓорче Петров (М.Маркоски – Охрид)

Ренова – Шкупи (А. Грујоски – Кичево)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…