Дома Фудбал Oдложен натпревар во Ла Лига

Oдложен натпревар во Ла Лига

Натпреварот од 26. коло во шпанската Примера помеѓу Гранада и Валенсија кој требаше да се игра утре е одложен поради големиот пожар во Валенсија во кој животот го загубија најмалку четири лица.

Валенсија потврди дека Ла Лига го прифатила нивното барање за одложување на средбата.

„Барањето за одложување на натпреварот против Гранада беше прифатено“, објави Валенсија и додаде дека терминот за одигрување на натпреварот дополнително ќе биде утврден.

Натпреварот требаше да се игра во терминот од 14:00 часот. Во пожарот кој во четвртокот зафати станбена зграда од 14 катови животот го загубија четири лица, но тој број може да биде и поголем бидејќи уште 14 се вода за исчезнати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…