Дома Фудбал Oдложен натпреварот Евертон – Лестер

Oдложен натпреварот Евертон – Лестер

Изминатиот викенд Лестер играше против Вотфорд во ФА Купот и запиша победа од 4:1, меѓутоа нивниот натпревар против Евертон кој требаше да се игра утре во Премиер лигата е одложен.

Лестер нема доволно здрави фудбалери за дуелот со Евертон и поради тоа натпреварот е одложен. Одложувањето дојде по барањето на Лестер до Премиер лигата. Лестер во своите редови има заразени, повредени и играчи кои настапуваат на Африканскиот куп на Нации.

Засега нема одлука кога овој натпревар ќе биде одигран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двоен удар за Баерн: Келн однесе бод, Кејн и Олизе се повредија

Баерн одигра 1:1 со Келн во Минхен, но поголема грижа се принудните замени на Хари Кејн и …