Наполи ја оправда фаворитската улога против Салернитана и славеше победа со 4:1 на домашен терен.
Одличен натпревар одигра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Елмас беше асистент при голот на Хуан Жесус во 17. минута со кој се отвори резултатот. Откако Салернитана стигна до изедначување, македонскиот репрезентативец во финишот од првиот дел изведе еден фантастичен соло продор со кој изнуди пенал. Сигурен реализатор за 2:1 беше Дрис Мертенс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Само што започна второто полувреме Амир Рахмани зголеми на 3:1. Неколку минути подоцна Наполи нов пенал, исклучен беше и Весели кај Салернитана. Овој пат изведувач беше Лоренцо Инсиње кој ги постави конечните 4:1. Бонацоли беше стрелецот на голот за Салернитана.
Треба да споменеме дека со денешната асистенција, Елмас стигна до бројката од пет асистенции сезонава, покрај асистенциите „дијамантот“ има и шест гола во сите натпреварувања.
ИЗНУДЕНИОТ ПЕНАЛ НА ЕЛМАС
Elmas 💎 pic.twitter.com/G4yCmRsqO3
— أحمَد (@1Pcho) January 23, 2022