Вилата на напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах која се наоѓа во Каиро била ограбена, објавија египетските медиуми.
Од куќата нафудбалерот биле украдени неколку телевизори и ништо друго. Египетските медиуми пишуваат дека не е украден никаков накит или некои други вредни предмети. Во моментот на грабежот во вилата немало никого.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Капитенот на египетската репрезентација би требало во следната недела да ја посети татковината и да го предводи Египет во квалификациите за Африканскиот куп на Нации против Малави.
Салах минатата недела стана најдобар стрелец за Ливерпул во Премиер лигата со постигнати 129 голови во најсилната англиска конкуренција.