Дома Фудбал Останато Oвој човек го откри Роналдо: Не ми се веруваше дека некој на 16 години може да игра така

Oвој човек го откри Роналдо: Не ми се веруваше дека некој на 16 години може да игра така

Пред точно 25 години, Бразилецот Луис Назарио де Лима Роналдо беше најдобар стрелец во холандското првенство.

Токму од таму започна неговиот голем фудбалски пат кој кулминацијата ја достигна со трансферите во Барселона, Интер и Реал Мадрид.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Роналдо го сврти вниманието на себе со одличните настапи во дресот на ПСВ каде што играше две години од 1994 до 1996. Сега после повеќе од две децении човекот кој многумина го сметаат за откривач на „Феноменот“, асистентот во ПСВ, Ерни Брандтс зборуваше за славниот фудбалер.

„Јас бев тој кој го откри Роналдо за ПСВ. Во 1993 година повеќе од еден месец ги следев неговите настапи во Бразил, освен тоа го гледав и на тренинзите. Добив дозвола да го следам во било кое време, се чудев не можев да си поверувам. Беше физички силен со неверојатно забрзување, ударот му беше силен и фантастично се снаоѓаше пред голот. Мислев дека гледам играч од друга планета и веднаш се посомневав во неговата возраст, не верував дека со само 16 години може да игра така“, изјави Брандтс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…