Дома Фудбал Лига на шампиони Oва се трите сценарија за завршување на ЛШ, УЕФА мора да се одлучи за едно

Oва се трите сценарија за завршување на ЛШ, УЕФА мора да се одлучи за едно

УЕФА своите клупски натпреварувања, Лигата на шампионите и Лигата на Евроа ќе ги заврши во август, но на состанокот на 17 јуни ќе одлучи на каков начин би требало да се одигра завршницата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мадритски „АС“ тврди дека УЕФА мора да се одлучи за тро опции, а онаа класичната со реваншите е најмалку реална.

Во случај навистина да се направат услови за одигрување на нормална нокаут фаза што е тешко да се очекува со оглед дека нема многу време. „АС“ пишува дека финалето место во Инстанбул би се играло во Лисабон или Минхен.

Второто сценарио е да се игра фајн-фор на неутрален терен, значи нешто слично како во ракометната Лига на шампиони и кошаркарската Лига Европа. Третото сценарио е завршница на турнир со најдобрите осум исто така на неутрален терен.

Идеја е сите натпревари да се одиграат во текот на август. Финалето е планирано за 29 август.

Ќе потсетиме во четвтфиналето на ЛШ веќе се: ПСЖ, Атлетико, Аталанта и Лајпциг, а реванши се чекаат на натпреварите Баерн – Челзи (3:0 прв натпревар), Барселона – Наполи (1:1), Манчестер Сити – Реал (2:1) и Јувентус – Лион (0:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Каков шок за најдобриот афрички судија: Добил виза, па Америка го вратила од аеродром!

Сомалискиот судија Омар Абдулкадир Артан, кој беше избран од ФИФА за судење на Светското п…