Жозе Мурињо повторно ќе работи во Италија, вчера беше официјално објавено дека од наредната сезона Португалецот ќе ја води Рома.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Рома во овие моменти има финансиски проблеми, иако акциите на клубот се зголемија за 26% откако беше објавено дека Мурињо доаѓа во клубот. Сепак и покрај проблемите во клубот Мурињо доби солиден договор.
Италијанските медиуми објавија дека Мурињо потпишал тригодишен договор според кој ќе заработува седум милиони евра, што значи дека целиот договор на Жозе вреди 21 милион евра.
Мурињо претходно од отказите во заработуваше вистинско богатство, а очигледно и сега добро се обезбедил во случај да не му оди во Рим.