Дома Фудбал Oбамејанг: Сакам да го вратам Арсенал онаму каде што припаѓа

Oбамејанг: Сакам да го вратам Арсенал онаму каде што припаѓа

Фудбалерот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг се огласи за својата иднина во редовите на „топчиите“.

Неговото име се поврзува со заминување од „Емирати“, но тој категорично ги отфрли шпекулациите дека ќе си замине од клубот.

„Сакам да реагирам на шпекулациите кои кружат за мене во медиумите. Луѓето сакаат да прават вести, но наместо тоа треба да се фокусираат на тоа што се случува на теренот. Тие зборуваат многу. Јас сум капитен на Арсенал, го сакам овој клуб. Посветен сум на него и посакувам да го вратам назад на врвот, каде што припаѓа“ –изјави Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го торпедираше Алавес со 6-1: Рафиња и Јамал со по два гола!

Барселона постигна четири гола до паузата, а потоа ја заокружи убедливата победа над Алаве…