Дома Трансфер зона Oбамејанг го шокирал Арсенал со платата која ја побарал за да остане

Oбамејанг го шокирал Арсенал со платата која ја побарал за да остане

Пјер-Емерик Обамејанг и оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Арсенал, но се повеќе се шпекулира дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот.

Обамејанг е незадоволен од ситуацијата на „Емирати“ и тоа што Арсенал и наредната сезона нема да игра во Лигата на шампионите. Габонецот сака да оди во клуб кој ќе игра во најелитното клупско натпреварување и на Арсенал тешко ќе му биде да го задржи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договорот на Обамејанг со Арсенал има важност до 2021 година и летото кое следи ќе биде последна шанса за „топџиите“ да заработат сериозна сума од неговото заминување.

Но, во прв план Арсенал сигурно ќе се обиде да го убеди Обамејанг да остане бидејќи не сакаат да останат без најдобриот играч, меѓутоа Габонецот барал преголема плата.

Англиските медиуми пренесуваат дека Обамејанг од Арсенал барал 300.000 фунти неделно и таа сума Арсенал тешко би му ја обезбедил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…